Вирц погоди, Ливерпул победи, Арсенал повторно е на врвот (ВИДЕО)

27.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вирц погоди, Ливерпул победи, Арсенал повторно е на врвот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул успеаја да стигнат до нови три бода во Премиерлигата, откако попладнево на „Енфилд“ со 2:1 го совладаа „фенерџијата“ Вулверхемптон. Се уште е тешко да се каже дали кризата во Ливерпул е минато, бидејќи со играта во второто полувреме, домашните не покажаа дека ова беше лесен триумф над најслабиот тим во лигата.

Ливерпул имаше две стативи на стартот преку Уго Екитике и Мекалистер, по што во 41-та минута, Џереми Фримпонг асистираше за Рајан Гравенберг, кој му донесе водство на својот тим. Само една минута подоцна, својот прв гол во Премеирлигата (конечно) го постигна скапото летно засилување за „црвените“, флоријан Вирц и тоа по асистенција на Екитике.

Во вториот дел, Ливерпул им дозволи на противниците да притиснат, а Буењо по еден гкорнер во шеснаесетникот на Алисон во 51-та минута намали на 2:1. До крајот на мечот гостите притискаа, Ливерпул се обиидуваше да се одбрани и на крајот успеа.

Арсенал се врати на врвот на табелата во Премиер лигата откако го победи Брајтон со 2:1.

Убав гол на Мартин Одегаред во 14-тата минута им донесе водство на домашните, а во 52-та минута, Жоржињо Ритер ја смести топката во својата мрежа за 2:0. Потоа Диего Гомез постигна гол за 2:1 и до крајот резултатот остана непроменет.

Фулам го доби малото лондонско дерби против Вест Хем со голот на Раул Хименез во 85-тата минута со резултат 0:1, додека Барнли и Евертон одиграа без голови. Борнмут претрпе дебакл кај Брентфорд по поразот од 4:1.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата