Винициус во нови проблеми, Анчелоти објасни што се случува!

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Винициус во нови проблеми, Анчелоти објасни што се случува!

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Бразилецот Винициус Жуниор, цел на расистички напади во Валенсија минатата недела, ќе го пропушти саботниот дуел против Севиља поради повреда на коленото, изјави неговиот тренер Карло Анчелоти.

„Винисиус нема да патува со нас и не може да игра бидејќи коленото се уште му е проблем“, изјави Анчелоти. Бразилскиот фудбалер веќе го пропушти среднеделниот натпревар против Рајо Ваљекано поради повреда.

„Се надевам дека ќе може да го одигра последниот натпревар на домашен терен против Билбао на 4 јуни“, додаде италијанскиот тренер.

Реал Мадрид, кој е втор на табелата со бод пред Атлетико Мадрид, во Севиља ќе остане и без повредените Карим Бензема и Марко Асенсио.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата