Венеција има нов тренер

16.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Венеција има нов тренер

Откако катастрофално ја отвори сезоната со шест порази, тимот на Венеција нормално е да го смени тренерот. Сега веќе бившиот Џовани Стропа е заменет доцна синоќа со Давиде Никола.

Тој потпиша договор кој што го обврзува да го води тимот до 30 јуни 2028 година.

Последно Давиде Никола го водеше тимот на Кремонезе кој што патем испадна од Серија А.

„Полн сум со мотивација и едвај чекам да се вратам на терен. Да тргнеме во спасувачка мисија на Венеција“ – изјави Никола.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата