Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која Муриќи досега настапуваше.
Тој наместо полека да паѓа во втор план, ја одигра сезоната на кариерата, а со тоа го направи и трансфетот на кариерата. Постигна 23. гола изминатата сезона, беше стрелец број два во Примера, па нормално е што Фенер се одлучи да плати за него сериозна сума, и да му даде тригодишен договор вреден пет милиони евра по сезона.
Ова е негов втор мандат во овој клуб, откако одигра во сезоната 2019/20 за да биде продаден за сума од 20 милиони евра во Лацио.

