Ван Дајк во 90+10.минута го реши дербито на Ливерпул!

19.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ван Дајк во 90+10.минута го реши дербито на Ливерпул!
ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC/

Фудбалерите на Ливерпул го победија Евертон со резултат од 1:2 на стадионот „Хил Дикинсон“ во 33-то коло од Премиер лигата.
Се чинеше дека Ливерпул ќе се задоволи со бод против своите најголеми ривали. Речиси беше така, а потоа се појави Вирџил ван Дајк и тоа во десеттата минута од судиското продолжение кога стрелаше за 1:2 и за победа, секако и за радост на „црвениот“ дел на Ливерпул.

Голема победа на „Редси“, слатка победа на тимот на Арне Слот против “карамелите“.

Салах донесе воство во 29.минута за гостите, за да Бето во 54.минута израмни на 1:1. А во 90+10.минута Ван Дајк донесе победа за Ливерпул.

Астон Вила со 4:3 славеше против Сандерленд во еден трилер меч, а Нотингем Форест со 4:1 го победи Барнли.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата