Валверде е спасителот на Реал против Селта

6.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Валверде е спасителот на Реал против Селта

Екипата на Реал Мадрид вечерва со многу потешкотии успеа да дојде до трите бода и победата на гостувањето кај Селта откако постигна гол во последните секунди од мечот за конечни 1:2.

Херој на „Кралевите“ овојпат е Федерико Валверде кој реализираше во четвртата минута од продолжението.

Претходно се добро започна за гостите одкако Чуамени донесе водство уште во единаесеттата минута.

Иглесиас го поништи со свој гол во 25. минута и изедначи на 1:1, а Реал ги немаше трите бода враце се до последните моменти. Сепак, овојпат среќата го посака Кралскиот клуб, кој сега по 27 одиграни кола има 63 бодови, поен помалку од Барселона која што допрва ќе треба да го одигра својот меч викендов.

Селта е шеста со 40 поени.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата