Валенсија не застанува пролетва

10.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Валенсија не застанува пролетва

Со одлична серија од победи и ремија, поточно со само една негатива во тринаесет мечеви, тимот на Валенсија оваа сезона од очајна ја претвори во сосема задоволителна.

Предмалку „Љиљаците“ на свој терен го совладаа Гетафе со 3:0 и обезбедија уште три бода пролетва. Со головите на Попелу, Лопез и Дуро уште во првото полувреме од мечот, домаќинот ја заврши работата уште до паузата.

Потоа, противникот немаше никакви шанси да се врати во игра туку само рутински го доигра дуелот. Нашиот Столе Димитриевски и натаму е втор голман.

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата