Уште еден силен удар врз Винисиус

25.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уште еден силен удар врз Винисиус

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Винисиус Жуниор, оваа сезона претставува голем проблем за Реал Мадрид.

Повеќепати пишувавме за тоа – за неговиот лош однос со тренерот Чаби Алонсо и со дел од мадридската публика. Во Шпанија тоа е една од главните теми, а денеска по повод бразилскиот крилен напаѓач се огласи и поранешниот голман на „кралскиот клуб“, Сантијаго Кањизарес, кој исто така смета дека Винисиус е проблем.

Наводно, Винисиус неодамна побарал 30 милиони евра по сезона од Реал за да прифати потпис на нов договор, а за Кањизарес тоа е неприфатливо.

„Ова за што се разговара не одговара на она што Винисиус го прикажува на теренот“, изјави Кањизарес.

Винисиус во еден период правеше разлика на теренот, но тоа сега не е случај…

„Играчот му кажува на својот агент да врши притисок врз клубот затоа што договорот му се приближува кон крај. Ако Реал го прифати тоа, ќе плати за достигнувањата од претходниот период или за она што Винисиус би можел да биде во иднина, но според моменталната состојба, тој тоа не го заслужува“, јасен е Кањизарес.

Винисиус има договор со Реал Мадрид до 2027 година, а останува да се види како ќе заврши оваа приказна.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата