УЕФА спрема драконска казна: Манчестер Сити без Европа 10 години?!

16.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЕФА спрема драконска казна: Манчестер Сити без Европа 10 години?!
ФОТО: UEFA.COM

Адвокатите на Манчестер Сити продолжуваат со тешка правна битка за да го одбранат клубот пред Премиер лигата и англиската фудбалска јавност. Независна комисија го прогласи клубот за виновен за голем број сериозни финансиски прекршоци помеѓу 2009 и 2018 година, а шпекулациите за претстојните драконски казни се секојдневна тема. Сепак, на хоризонтот има нов, уште посериозен проблем што ги надминува границите на Велика Британија.
Според новинарот Цезар Август Лондоња, кого го следат милион луѓе на социјалната мрежа „X“, европската куќа на фудбалот подготвува невидена санкција доколку Манчестер Сити не ја добие жалбата. Колумбиецот тврди дека УЕФА планира да ги исклучи „граѓаните“ од европските натпреварувања за период од седум до десет години!
Ова би значело дека клубот би можел да остане без учество во Лигата на шампионите, Лигата на Европа, па дури и во Конференциската лига цела деценија.
УЕФА веќе еднаш го суспендираше Сити, но клубот успеа да ја поништи по успешната жалба.
Во 2020 година, Европската федерација ги казни „граѓаните“ со двегодишна забрана за учество во европските купови и парична казна од 30 милиони евра. Сепак, Арбитражниот суд за спорт (CAS) ја поништи таа одлука, пресудувајќи дека УЕФА не докажала прикривање на финансирањето на клубот преку спонзорски договори, додека другите обвинувања веќе биле застарени.
CAS на крајот ја намали казната на 10 милиони евра (8,5 милиони фунти), единствено поради одбивањето да соработуваат за време на истрагата.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата