УЕФА на 15 јануари ќе го исфрли ПСЖ од Лигата на Шампионите?!

8.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЕФА на 15 јануари ќе го исфрли ПСЖ од Лигата на Шампионите?!

Се чини дека веќе нема дилеми. Поради случајот со Килијан Мбапе и неплатените 55 милиони евра кон некогашниот свој играч, ПСЖ ќе биде исфрлен од Лигата на Шампионите. Ова го најавуваат медиумите во Франција. Тоа УЕФА ќе го стори, барем според најавите, на 15 јануари. Тогаш ќе биде објавено дека славниот клуб не ќе може да настапува во ЛШ поради неиисплатените пари на сметката на Мбапе.

УЕФА на 15 јануари ќе бара финансиски извештај од сите клубови кои се натпреваруваат во нејзините натпреварувања и ако тие имаат долгови кон играчите ќе бидат санкционирани и тоа со одземање бодови или пак со исфрлање од натпрварувањата. На ПСЖ ќе му се даде уште една шанса да му ги плати тие 55 милиони евра, во спротивно, ако клубот од Париз и натаму одбива тоа да го направи, тогаш јасно е што следува, барем според медиумите во Франција.

Колку е ова веројатно ако се знаат позициите на претседателот на ПСЖ, Насер Ал – Келаифи во УЕФА, е сосема друга приказна.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата