УЕФА ја врати Русија во младинските репрезентативни турнири?!

9.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УЕФА ја врати Русија во младинските репрезентативни турнири?!

Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи да укине дел од санкциите против Русија, со што ќе им се овозможи на младите руски фудбалери да учествуваат на развојниот турнир на УЕФА.

Како што јави агенцијата „РИА Новости“, руската репрезентација до 16 години од 12 до 18 април ќе гостува во Минск заедно со селекциите на Белорусија и Казахстан. Четвртиот учесник на турнирот ќе биде одреден подоцна во рамките на програмата „УЕФА Асист“.

Иако Русија не учествуваше во ждрепката на европските квалификации за Светското првенство, во Руската фудбалска федерација се уверени дека постои можност подоцна да учествува и нивната репрезентација.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата