Убава вест за “баварците“: Хари Кејн почна со тренинзи! (ФОТО)

5.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Убава вест за “баварците“: Хари Кејн почна со тренинзи! (ФОТО)

Добредојде назад на терен, Хари Кејн“ со ова објава на социјалните мрежи Баерн Минхен ги израдува своите фанови. Тоа значи дека најдобриот стрелец на тимот почна денеска со тренинзи, за почеток со трчање, по повредата на бутот заработена на мега – дербито со Борусија Дортмунд на “Сигнал Идуна Парк“.

Оваа сезона во Бундес-лигата се чини дека ќе остане во историјата, барем кога станува збор за капитенот на Англија. Кејн досега во својата кариера нема освоено ниту еден трофеј, се мисли на првенство, куп или некој европски куп, и со репрезентацијата на ЕП и СП. Имено Баерн Минхен има се што треба токму оваа сезона 2024/25 да дојде до нова титула во Бундес-лигата, односно да си ја врати откако во минатата Леверкузен беше неприкосновен.Или па ќе се случи некоја катаклизма од светски размери па Хари Кејн повторно ќе остане без трофеј.

Купот веќе не може да се освои, познато е дека пред неколку дена Баерн без Кејн во тимот беше поразен токму од Леверкузен.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата