Турците го отпуштија селекторот по неговите критики кон фудбалерите

18.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турците го отпуштија селекторот по неговите критики кон фудбалерите

Фудбалскиот сојуз на Турција одлучи да го раскине договорот со селекторот Стефан Кунц откако германскиот тренер ги критикуваше играчите по поразот во пријателскиот натпревар од Јапонија, објави новинската агенција Демирорен (ДХА).
По поразот од Јапонија (2:4) Кунц одговори на повиците на навивачите да поднесе оставка со изјавата дека неговите играчи мора да работат повеќе и дека тој не би требало да ја преземе целата вина.

„Демирорен“ пренесува дека коментарите на Кунц ги расипале односите кон тамошниот Сојуз кој одлучил да го тргне од селекторската функција.
Кунц беше поставен за селектор на Турција во септември 2021 година откако претходно ја предводеше селекцијата на Германија до 21 година до европската титула во 2017 и 2021 година.
На клупата на Турција победи на 12 од 20 натпревари. Најверојатно негов наследник ќе биде помошникот Кенан Кочак.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата