Трент: Ова беше деби за кое секој фудбалер сонува

19.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трент: Ова беше деби за кое секој фудбалер сонува

Новата ѕвезда во дресот на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, ги сподели своите впечатоци од својот прв натпревар како дел од шпанскиот гигант.

„Дебитирав за Реал Мадрид, што е она за што сонува секој фудбалер. Од една страна, постои разочарување што не успеавме да победиме, бидејќи менталитетот на играчите на Реал Мадрид е да се победува на секој натпревар. Во исто време, видов позитивни моменти, особено во второто полувреме. Тоа беше уникатно искуство. Ја почувствував поддршката од клубот од моментот кога го потпишав договорот. Реал Мадрид има навистина глобална база на навивачи, што се чувствува секој ден. Навивачите се присутни и на тренинзите и во хотелот. Поддршката на социјалните медиуми е исто така импресивна“, изјавил Александар-Арнолд.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата