Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше доста критичен кон ФИФА и ФИФПро, бранејќи го еден од своите ѕвезди – Рафиња. Самиот Флик на прес-конференцијата пред натпреварот со Виљареал во врска со Рафиња ја покрена ова тема, откако Бразиецот не се најде во идеалниот тим на ФИФА за 2025.
„Не сакам да кажам кој е подобар, но Рафиња не е во Светската единаесетка на ФИФПро и сум изненаден. Звучи како шега“, коментираше Флик и продолжи:
„Влијанието на Рафиња беше неверојатно. Ги гледаме неговите голови, неговите натпревари, неговите асистенции… беше неверојатно… и шега е што го нема во единаесетката. Не е фер и морам да го кажам тоа. Не можам да верувам“, додаде тренерот на Барселона.

