Трансфери: Наполи и Галата се договорија за Осимен, Челзи го посакува Симонс, Санчо конечно потпишува за Јуве!

20.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трансфери: Наполи и Галата се договорија за Осимен, Челзи го посакува Симонс, Санчо конечно потпишува за Јуве!
ФОТО: FC Galatasaray/FB

Попладнево и вечерва и тоа како најголемите клубови во Европа продолжуваат со трансферите.

И дефинитивно Наполи и Галатасарај се договорија за Виктор Осимен. Се разбира дека ова е најголемиот трансфер во историјата на Турција. Галата ќе плати 40 милиони евра веднаш, уште 35 милиони евра до следната година, тука се разните бонуси како и 10 насто од секој нареден трансфер на Осимен, како и забрана во наредните две години Галата да го продаде Нигериецот во клуб од Италија.

Се шпекулира дека Осимен по сезона ќе добива неверојатни 20 милиони евра од Галатасарај.

Чави Симонс, офанзивниот играч за врска на Лајпциг и репрезентативец на Холандија, се поврзуваше со враќање во Барселона, сепак последните информации велат дека тој е блиску до трансфер во Челзи, иако и Арсенал е во игра.

Се е готово и со трансферот на Џејдон Санчо во Јувентус. Прашање на часови или денови кога неговиот трансфер ќе биде официјализиран.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата