Тотенхем работи на наоѓање на нови инвеститор во клубот, потврди претседателот Даниел Леви. Според него идејата не е да се најде нов мнозински сопственик, туку само инвеститор да земе некој дел од клубот. Моментален мнозински сопственик на Тотенхем е инвестициската групација ENIC Group со 86,58%.
„За да го реализираме нашиот долгорочен потенцијал, да продолжиме да инвестираме во тимовите и да преземаме идни капитални проекти, на клубот му треба значително зголемување на својот капитал. Одборот и неговите советници од Rothschild & Co се во преговори со потенцијални инвеститори. Секоја понуда за инвестирање во клубот ќе има потреба од поддршка од акционерите на клубот“, вели Леви.
Веќе минатиот септември, во интервју за „Блумберг“, претседателот рече дека негова задача е да внимава и да слуша секој што сака да предложи нешто.
Паралелно, лондонскиот клуб ги откри своите резултати за својата финансиска година што завршува јуни 2023 година. Загубите се проценуваат на 86,8 милиони фунти, иако Тотенхем забележа пораст на приходите од 24% (од 444 милиони фунти на 549,6 милиони фунти) во споредба со претходниот период .