Торино за четири минути прокоцка предност и загуби од Каљари

20.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Торино за четири минути прокоцка предност и загуби од Каљари

Луд меч на Сардинија и победа на Каљари против Торино со 3:2 во рамките на Серија А. „Биковите“ од Торино водеа со 2:1 до 74 минута, а потоа набрзина примија два гола и останаа без бодови.
Виола донесе предност за Каљари, а изедначи Санабрија во 41 минута. На стартот на второто полувреме Линети со својот прв гол сезонава носи предност за Торино. Потоа од 74 минута до 78 минута Паломино и автогол на Коко ја донесоа победата за Каљари.
Каљари ја впиша втората победа сезонава, а ја кренаа формата бидејќи освоија седум бодови на последните три меча вклучувајќи го и ремито со Јувентус.
Торино го впиша третиот пораз по ред.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата