Екипата на Торино во рамките од новото Серија А коло извојува одлична гостинска победа кај Фиорентина попладнево со конечен резултат од 1:2.
Иако домаќинот поведе со голот на Пелегрино на стартот на вториот дел во 47. минута, сепак до крајот се случи комплетен пресврт.
Најпрво погоди Мандрагора во 73. минута, за изремнување на 1:1. Потоа следуваше и комплетен пресврт.
Интернационалецот од Шкотска, Че Адамс реализираше во 82. минута и го направи резултот 1:2. Што подоцна истиот се покажа и како конечен.
Со оваа победа Торино по три меча има исто толку бодови, додека пак Фиорентина од исто толку мечеви има нула бодови.

