Тоа е новиот Јунајтед: Откако Ретклиф избрка 500 вработени, сега ќе им ги намалува платите на фудбалерите!

13.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тоа е новиот Јунајтед: Откако Ретклиф избрка 500 вработени, сега ќе им ги намалува платите на фудбалерите!

Тоа е новиот Манчестер Јунајтед. Тоа е новиот шеф во клубот од “Олд Трфорд“ Сер Џим Ретклиф. Имено откако избрка 500 вработени од персоналот, откако им го укина оброкот на преостанатите вработени, сега на ред дојдоа и играчите.

Имено тој одлучил, а веќе им е пренесено, дека има намера и тоа како да ги намали платите на играчите, затоа што биле преплатени во однос на тоа што го даваат како производ.

Веројатно тој мисли дека Манчестер Јунајтед е фабрика или обична фирма. Сепак за возврат играчите ќе добијат огромни бонуси само во случај на добри резултати и освоени титули.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата