Тирана направи голем кикс и ја испушти титулата, навивачите се стрчаа да го тепаат судијата

25.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тирана направи голем кикс и ја испушти титулата, навивачите се стрчаа да го тепаат судијата

Екипата на Тирана направи голем кикс во трката по титулата во Албанија. Одигра 2:2 со претпоследниот на табелата Билис (2:2) и го препушти првото место на Партизани кој забележа сигурна победа од 4:1 над Кастриот.

Партизани е лидер со 64 бода, а Тирана иако има исто бодови е втора на табелата поради полош скор во меѓусебните дуели.

До крајот на шампионатот има уште едно коло, па јасен е револтот на навивачите на Тирана кои влегоа на теренот за да се пресметаат со судиите. Следуваше бркотница по теренот, а интервенираше и полицијата која успеа да го заштити судијата и помошниците.

Во идното коло Партизани игра дома со Теута и со победа ќе ја осигура титулата. Тирана освен тоа што ќе мора да победи на гости кај Ерзени ќе мора да чека кикс на градскиот ривал.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата