Тен Хаг: Уживам во пресметките со Мурињо!

21.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тен Хаг: Уживам во пресметките со Мурињо!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во четврток ги очекува тешко гостување во Лига Европа, во Истанбул. Противник им е Фенербахче на чие кормило е поранешниот менаџер на „црвените ѓаволи, Жозе Мурињо.

“Ова е голем натпревар за двата тима. Уживам во соочувањето со Мурињо и играњето против неговите тимови. Тој секогаш има добри тимови, тој е победник и има освоено многу трофеи. Тој е пример за многу менаџери”, вели Тен Хаг.

После серијата непобедливи натпревари, Манчестер Јунајтед конечно одигра очекувано во саботата, па на крилата на таа победа ќе патува на Босфор.

“Духот во тимот секогаш беше висок, но дефинитивно расположението е подобро по победата. Сите во тимот имаат големи очекувања, затоа мораме да победиме. На секој натпревар треба да ја покажеме таа решителност. Кога победуваме, уживаме во тоа 24 часа, а потоа одиме понатаму. Не живееме во минатото, треба да се докажуваме секој ден и на секој тренинг за да повторно го освоиме трофејот“, изјави стратегот на Јунајтед.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата