Светскиот првак со Аргентина ја одлежа суспензијата и потпиша за италијански второлигаш

12.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светскиот првак со Аргентина ја одлежа суспензијата и потпиша за италијански второлигаш
фото: 365Scores (X)

Освојувачот на Светското првенство во 2022 година со репрезентацијата на Аргентина, се враќа по 2-годишната суспензија поради допинг и следната сеозна ќе игра на Апенините. 37-годишниот Папу Гомез вчера потпиша договор со италијанскиот второлигаш Падова.

Искусниот играч од средниот ред потпиша договор со Падова на 2 години, но засега се уште ќе мора да тренира сам. Поради суспензијата тој нема да може да му се приклучи на новиот тим до 19 август.

Во октомври 2023 година, Папу Гомез беше суспендиран на две години поради допинг. Тој падна на тест во ноември 2022 година додека играше за Севиља.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата