Последната информација која што е пренесена од страна на странските медиуми, а се однесува на фудбалските новости, е онаа која вели дека Иран се откажува од учевството на претстојниот Мундијал, кој што треба летово да се одржи во САД, Мекиско и Канада.
Војната која што оваа држава во моментов ја води, против САД и сојузниците, и која што допрва треба да го има својот расплет, односно евентуален епилог, има влијание и врз фудбалот.
Па така, информациите кои што во моментов се лиферувани преку Телеграм каналот велат дека Иран нема да учевствува на Мундијалот, иако е квалификуван.
Информацијата ја пренесе министерот за Спорт на Иран, чека и официјална потврда од страна на Фудбалската Федерација на оваа земја, а секако потоа и од ФИФА.

