Столе Димитриевски и Валенсија вечерва доживеаја прв пораз во новата сезона на Ла Лига и тоа на домашен терен против екипата на Бетис. Во одигрувањето на мечот од 1. коло, Бетис успеа со голот на Гарсија во 82. минута од натпреварот да ги однесе бодовите од „Местаља“.
Нашиот репрезентативен голман и денеска беше стартер во дресот на Валенсија, но не успеа да ја сочува својата мрежа. Столе имаше две успешни интервенции, но ударот на Гарсија не успеа да го спречи да заврши во мрежата.
За Бетис ова е втора победа по стартниот успех против Реал Сосиедад.

