Играчот од средниот ред на Ливерпул и Аргентина, Алексис Мекалистер продолжи со тренинзите откако заработи повреда на натпреварот против Чиле пред неколку дена. Ѕвездата од „ливерпул“ потоа започна како стартер и го постигна првиот гол во победата на неговата екипа од 3-0, но потоа беше заменет.
На „Енфилд“ имаше загриженост за состојбата на Мекалистер, но Лионел Скалони потврди дека играчот од средниот ред веќе тренира со тимот и најверојатно ќе биде на располагање за пресметката со Колумбија.
„Нико Гонзалес тренира индивидуално, но Алексис Мекалистер веќе тренира со тимот. Ќе видиме како ќе се развиваат работите, па ќе донесеме одлука како ќе играме“, изјави Скалони.
Ливерпул, кој досега беше перфектен во Премиер лигата, на 14 септември е домаќин на Нотингем Форест.