Можеби звучи чудно но е вистина. Во еден од најголемите клубови во светот, Манчестер Јунајтед и на неговиот легендарен стадион, Олд Трафорд, се соочуваат со проблем кој навидум е неверојатен, наезда на стаорци.
Проблемот е со години и навистина е зачудувачки како надлежните сеуште не можат да најдат одговор за ваквиот вид на глодари, кои што очигледно Олд Трафорд и околината го сметаат за свој дом.
Проблемот повторно се актуелизира откако два локални пабови во близина на стадионот се затворени затоа што стаорците се појавиле и кај нив.
Обновата на Олд Трафорд е тема со децении веќе но истата никако да започне.
Не случајно веќе подолго време се зборува дека на стадионот му треба сериозно реновирање. Во 2019 г часови пред дербито на Манчестер дел од покривот попушти и огромна маса на вода се истури врз седиштата.
Откако Џим Ретклиф стана еден од косопствениците, една од неговите први задачи беше да го реши проблемот со Олд Трафорд и беше формирана работна група, вклучувајќи го и Гери Невил, за да разговара за опциите. Се уште нема конечна одлука дали ќе се реновира сегашниот објект или ќе се изгради нов стадион, но поверојатно е дека на истото место ќе се гради нов.
Manchester United themed cafe – just yards from Old Trafford – is given zero-star hygiene rating after RAT infestation and forced to temporarily close down https://t.co/LvciSOHwCJ
— Mail Sport (@MailSport) November 20, 2024