Се очекуваше натпреварот помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид да биде многу понеизвесен натпревар, но на крајот сè беше решено по 25 минути од натпреварот кога европскиот првак поведе со 3-0, а потоа во самиот финиш од натпреварот Рамос стапи на сцена и ги постави конечните 4-0.
Сепак, главна тема по натпреварот во Њујорк беше хрватскиот играч од средниот ред Лука Модриќ, кој синоќа го одигра својот последен натпревар во дресот на Реал Мадрид.
Претходно беше потврдено дека Модриќ нема да го обнови договорот и дека по ова натпреварување ќе го напушти клубот по 13 години.
Хрватот доби шанса во 64-тата минута и доби уште овации од трибините, а јасно е дека него му беше најтешко по поразот од ПСЖ бидејќи го одигра последниот натпревар во дресот на „кралевите“.
Модриќ не можеше да ги сокрие емоциите и можеше да се види колку му беше тешко и дека едвај чекаше да оди во соблекувалната.
— Madrid Xtra (@MadridXtra) July 9, 2025
🚨🇭🇷 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 | Luka Modrić (39) has now played his final match for Real Madrid. 👋🥹
He was at the Spanish club for 13 years, winning 28 trophies and making just under 600 appearances.
Next step: Milan. 🔴⚫️ pic.twitter.com/xWUwepugvh
— EuroFoot (@eurofootcom) July 9, 2025
Фактот што играчите на ПСЖ му пристапија на Модриќ еден по еден за да му ја дадат својата поддршка бидејќи видоа колку му беше тешко да се збогува со Реал зборува многу за тоа каков голем човек е.
Патем, Чаби Алонсо по натпреварот изјави дека Модриќ сигурно ќе биде запаметен како легенда на Реал.
„Модриќ нема да биде запаметен по оваа игра, туку по многуте добри работи што ги направи за овој клуб, не по овие 25 минути. Тој е легенда на Реал Мадрид и беше задоволство да го гледам во дресот на овој клуб“, рече Алонсо.
Се очекува Модриќ да открие каде ќе ја продолжи кариерата во наредниот период, но се чини дека е сигурно дека тоа ќе биде во дресот на Милан.