Играчот на Ливерпул, а во моментов позајмен фудбалер во тимот на Ред Бул Салзбург, Стефан Бајчетиќ повторно има понуда да настапува за Србија. Момчето со шпански пасош повторно е мета на селекторот Драган Стојковиќ Пикси, кој веќе еднаш се обиде да го доведе во своите редови. Тогаш младиот фудбалер, но пред се неговото семејство ја одби понудата, пред се затоа што тој во тој момент беше премногу млад.
Бајчетиќ сега има 20 години игра солидно во Ред Бул и уште еднаш се отвора шансата за Србија. Нема настапено за А репрезентацијата на Шпанија единствено за младинските категории и тука „Орлите“ ја гледаат својата шанса.
Тој е инаку син на Срѓан Бајчетиќ некогашниот првотимец на Црвена Звезда, а потоа и на Селта. НЕговата сопруга очигледно до овој момент и го имала главниот збор по ова прашање, а како ќе биде од сега натаму ќе покаже периодот кој следува.