Спалети се нафрли на својот фудбалер: Жесток излив на бес на славниот тренер (ВИДЕО)

6.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спалети се нафрли на својот фудбалер: Жесток излив на бес на славниот тренер (ВИДЕО)

Откако за викендот го совлада Наполи со 2-0 во дербито од Серија А, Јувентус вечерва славеше и во четвртото коло од Лига Европа. На гостувањето во Холандија, „старата дама“ го победи АЗ Алкмар со 2-1.

Сепак, резервистите за малку ќе му ја загорчеа вечерта на Јувентус, а особено лош настап имаше Хуан Кабал. Колумбиецот одигра слаби половина час во одбраната, по што по натпреварот жестоко реагираше тренерот Лучано Спалети.

Камерите го уловија бесот на стратегот на Јувентус, кој покрај вербалната расправија имаше и краток физички контакт со својот фудбалер. Снимката од ситуацијата погледнете ја во продолжение.

Luciano Spaletti was furious at Juan Cabal
by
u/Otherwise_Tonight_20 in
soccer

Спалети не можеше да го скрие незадоволството откако Јувентус во завршницата од натпреварот целосно ја загуби контролата врз случувањата на теренот. Особено го налути реакцијата на Кабал, кој со своето влегување требаше да донесе сигурност во последната линија, но наместо тоа внесе дополнителна нервоза во редовите на „старата дама“.

Иако Јувентус на крајот ја сочува предноста и освои важни три бода, јасно е дека Спалети нема да биде задоволен од начинот на кој неговиот тим го одигра последниот половина час.

Спалети е под притисок, а многумина веруваат дека нема уште долго да се задржи на клупата на Јувентус. Наводно, и дел од фудбалерите во соблекувалната се незадоволни од неговото однесување, како и од одредени методи на работа.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата