Сопственикот на Јувентус: Кога ги решивме внатрешните проблеми тимот тргна нагоре

1.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопственикот на Јувентус: Кога ги решивме внатрешните проблеми тимот тргна нагоре

Сопственикот на Јувентус, Џон Елкан смета дека клубот направил важен чекор во решавањето на внатрешните проблеми кои го тормозат во изминатите години. „Бјанконерите“ поминаа низ сериозна криза минатата сезона, кога им беа одземени поени и завршија на седмото место во Серија А, а освен тоа беа исфрлени од европските купови.

Тоа доведе до разделба со повеќето директори во клубот, вклучувајќи го и претседателот Андреа Ањели. Тој потег изгледа е позитивен затоа што тимот во новата сезона со нови раководни луѓе игра многу добро.

Се радувам што го гледам Јувентус во горниот дел на табелата. Тоа потврдува колку беше важно да се решат внатрешните проблеми. Кога нема проблеми од внатре, тогаш и резултатите на теренот ќе бидат добри“, смета Елкан.

Јувентус е втор на табелата после Интер по ремито 1:1 во „Дербито на Италија“. Елкан смета дека тој резултат е добар, а кажа и неколку зборови за Макс Алегри за кого се пишува дека ќе го напушти клубот по завршување на сезоната.

Тој освои многу трофеи и се надеваме дека може да освои уште. И тој се надева на тоа. Првенството е долго, а исто така и Купот на италија, па ќе видиме што ќе се случува до крајот“, додаде Елкан.

Се појавија информации дека дека финансиските нерегуларности во клубот, исто така, ќе ја поттикнат неговата компанија Ексор да се оддели од Јувентус па да се побараат странски инвеститори.

Ниту сме барале странски инвеститори, ниту се приближиле до накои. Оваа перспектива не не интересира. Сегашните газди решија сè на спортски план, сега можеме да се концентрираме на иднината. Ова е нулта година за Јувентус и зголемувањето на капиталот беше неопходно, за да нè поттикне следните три години да се соочиме со амбиција на теренот и надвор од него, стремејќи се кон перфекција“, заклучи Елкан.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата