Сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас, ја откри потребата од спонзорски договори за тимот и колку заработува ѕвездата Лионел Меси.
„Причината зошто ми требаат спонзори, и тоа од светска класа, е затоа што играчите се скапи. Му плаќам на Меси помеѓу 60 и 70 милиони евра годишно, ако ги соберете сите бонуси. Но, тој вреди секој денар“, беше цитиран Мас од „А Бола“.
Аргентинецот е втор најплатен фудбалер во светот, веднаш зад Кристијано Роналдо.
Меси се приклучи на Интер Мајами во 2023 година и оттогаш одигра 90 натпревари, постигнувајќи 79 гола за клубот од Флорида.

