Сон го искористи Ливерпул за да ги „пецне“ играчите

23.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сон го искористи Ливерпул за да ги „пецне“ играчите

Фудбалерите на Тотенхем вчера претрпеа тежок пораз од Ливерпул на својот стадион со резултат 3:6 во дербито од 17. коло на Премиер-лигата.

Средниот ред и одбраната на Тотенхем изгледаа премногу инфериорно во однос на Ливерпул, кој најпрвин ги „прегази“, а потоа домаќинот ја искористија малата летаргија на гостите и се врати во мечот.

Не издржа, па беше забележан убедлив пораз на Тотенхем, веќе осми сезонава. Најдобриот играч на тимот, Мин Сон, делуваше разочарано по дуелот, но имаше и пофални зборови за својот вчерашен противник, кои некако ги искористи за да укаже на неправилности во сопствениот тим, особено кога е во прашање тактичката дисциплина.

“Нема што да се каже за нивната форма, тие се на врвот на табелата. Може да се види квалитетот и дисциплината. Има причина зошто тие се на врвот на табелата. Ако направите грешка против многу квалитетен тим, тие ќе те казнат“рече Сон.

Сон вчера на теренот мина 82 минути кога беше заменет од Тимо Вернер.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата