Со една изјава Модриќ ги разочара фановите во БиХ!

16.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со една изјава Модриќ ги разочара фановите во БиХ!
фото: HNS (X)

Лука Модриќ е икона на Реал Мадрид, на Хрватска а за најголем дел од фановите на овие простори тој е вистинска фудбалска легенда. Сепак после една своја изјава за медиумите во Италија, фановите во БиХ се гневни и разочарани од сегашниот член на Милан.

Имено БиХ има шанса да оди на второто Светско првенство во својата историја. Да потсетиме дека „Змејовите“ беа елиминирани во групната фаза во Бразил во 2014 година, а сега имаат шанса повторно да одат на Светското првенство преку Атлантскиот Океан преку плејофот. За да го сторат тоа, ќе треба да го освојат плеј – оф турнирот.
На 26 март ќе играат на гостински терен против Велс. Во случај на победа, пет дена подоцна ќе играат во Зеница против подобриот тим од натпреварот помеѓу Италија и Северна Ирска.

Доколку успеат да се квалификуваат за Светското првенство, таму ќе играат во група со Катар, домаќинот Канада и Швајцарија.
Цела Босна и Херцеговина со нетрпение го очекува март и историските натпревари на нивната репрезентација.

Порталот Sportske.ba објави статија со наслов:

Лука, сега нè разочара: Модриќ ги иритираше навивачите на БиХ со својата изјава“.
Се споменува интервју со италијански медиуми во кое, меѓу другото, тој зборуваше за дополнителни квалификации. На прашањето што мисли за Италија, Модриќ рече:

Плеј- офот е секогаш неизвесен и тежок, но се надевам дека Италија ќе успее да се квалификува. Би било навистина трагично ако го пропуштат третото Светско првенство по ред“.
Како што пишува претходно споменатиот портал, „неговите изјави предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи, особено меѓу навивачите на Босна и Херцеговина, со оглед на тоа што Италија би можела да игра финале во баражот против нивната селекција.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата