„СМС“ го мина Гранде Пандев и му донесе триумф на Лацио (ВИДЕО)

2.04.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„СМС“ го мина Гранде Пандев и му донесе триумф на Лацио (ВИДЕО)

Сергеј Милинковиќ Савиќ е најдобриот стрелец/странец во дресот на Лацио. Денеска србинот постигна ефектен погодок во победата на неговиот тим против Монца на гости и со тоа го мина нашиот Горан Пандев по бројот на голови како странец во дресот на римскиот клуб.

Гранде стигна до бројката од 64 гола на 194 мечеви, а на српскиот репрезентативец му требаа 257 натпревари за римјаните за да стигне до 65.

Инаку Лацио стигна до триумф од 1:2.

 

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата