Слот: Имам измешани чувства, можеби резултатот е најреален!

5.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Слот: Имам измешани чувства, можеби резултатот е најреален!
Фото: ФЦ Ливперул/Твитер

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот по спектакуларното реми 3:3 против Њукасл во 14. коло од англиската Премиер-лига го истакна контрастниот учинок на неговите играчи во двете полувремиња.

„Имам измешани чувства – бевме одлични во второто полувреме, но не доволно добри во првото. Можеби резултатот 3:3 беше заслужен за натпреварот. Противниците беа многу агресивни и не принудуваа да грешиме, но во вториот дел бевме многу подобри. Знаев дека играта може да се промени, многу подобро ја контролиравме топката. По неделата што ја имавме, можевме да ја промениме играта и тоа е многу позитивна работа“, рече Слот.

Менаџерот, исто така, го издвои Мохамед Салах, кој беше во голема мера одговорен за пресвртот што го приредија по паузата и дури беше многу блиску до преземање на целосниот плен.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата