Ливерпул денеска во пријателски меч беше поразен од Милан со 2:4, одигран во Јапонија. Сепак по мечот најинтересно беше прашањето до стратегот на “Редси“, Арне Слот зошто во тимот не беа Луис Диас и Дарвин Нуњес.
Откако се виде дека ги нема во составот веднш се појавија шпекулации дека Ливерпул веќе не смета на нив:
“Да, за Лучо може да се каже дека не беше во составот поради неговата неизвесна иднина во нашиот клуб. Тој тренира вредно со нас, но јас не сум тој што може и треба да говори на оваа тема. Што се однесува до Дарвин тој е повреден и затоа не сакавме да ризикуваме со него. Решивме тој да го прескокне овој натпревар“ потенцираше Слот.