Скандалозно: Во Србија ни ВАР не помага! Најважно е кој ги повлекува линиите!

25.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скандалозно: Во Србија ни ВАР не помага! Најважно е кој ги повлекува линиите!
screenshot

Во фудбалска Србија како да не може да мине едно коло а да нема некој скандал. Последниот е оној што се случи на средбата Јавор – Војводина 1:2, на кој на домашните им беше поништен чист гол, а ФСС се изјасни дека е направена грешка и покрај тоа што има ВАР технологија.

Клучниот детаљ во овој натпревар се случи во судиското продолжение од првото полувреме. Јавор постигна гол за 2:0, но потоа следеше целосен шок.

Судијата Митиќ го поништува голот, ВАР собата го потврдува тоа, така што на крајот оваа ситуација директно ќе влијае на исходот од натпреварот. Фудбалскиот сојуз на Србија ја призна грешката:

Земајќи ги предвид достапните снимки, веруваме дека голот требаше да биде признат“, објави ФСС.
Сепак, нема да заврши тука. Клубот од Ивањица ќе ги заштити своите интереси преку правни средства. Во овој клуб има огромно незадоволство. Тие не се задоволни од таков епилог, најавија конкретни правни чекори, бидејќи сметаат дека начинот на кој голот беше поништен директно влијаеше на текот и исходот од натпреварот.
Јавор се бори за опстанок во Супер лигата. Секој бод е важен за овој тим, па затоа решија да реагираат и да контактираат со надлежните институции. Секако треба да се истакне дека ФСС во образложението посочи дека судијата премногу рано означил офсајд, а ВАР системот имал потешкотии со исцртувањето на линиите поради позициите на кои се наоѓале играчите. Ќе видиме што ќе се случи во овој случај. Јавор веројатно ќе побара повторување поради фаулот и ќе видиме што ќе се случи на крајот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата