И тоа како треба сите во Арсенал да се загрижат. Манчестер Сити од вечерва има само -3 бода во однос на “топџиите“ по вечерашниот триумф на Сити против Фулам со 3:0. Сега Арсенал има 53 бода, Арсенал 56. Сепак тимот на Микел Артета има и меч помалку.
На тимот на Пеп Гвардиола вечерва му беа потребни само 15 екстра минути за да дојде до победата и тоа од 24. до 39.минута. Прво Семењо донесе водство од 1:0, следуваше голот на О`Рајли за 2:0, а точка стави Халанд за 3:0. Се потоа беше само одработување на работата што се вели.
Нотингем Форест и Вулверхемптон одиграа 0:0.
Интересно беше во Бирмингем каде Астон Вила со 1:0 славеше против Брајтон, па така сега има 53 бода, -6 од Арсенал и -3 од Сити. Автогол со даде Хиншелхоф во 88.минута.
James Milner equals Gareth Barry’s all-time record of 653 Premier League appearances 👏 pic.twitter.com/H1L1nEt9Bv
— Premier League (@premierleague) February 11, 2026
На овој меч ветеранот Џејмс Милнер испиша историја. Тој настапи во дресот на Брајтон, а ова му беше негов 653 меч во Премиерлигата со што го израмни рекордот на Герет Бери.

