Сите надежи „паднаа во вода“: Пристигна најлошата можна вест за Баерн и ​​Мусиала

6.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сите надежи „паднаа во вода“: Пристигна најлошата можна вест за Баерн и ​​Мусиала

Вчерашниот натпревар меѓу ПСЖ и Баерн беше обележан со сериозна повреда на Џамал ​​Мусиала, кој ја скрши ногата во дуелот со Џанлуиџи Донарума, а по деталниот преглед со остваријаа најлошите сомневања.

Тој веднаш остана да лежи и повика помош, а Донарума го следеше она што се случуваше во шок исто како и другите играчи на теренот.

Мусиала беше изнесен од теренот во солзи и веднаш беше однесен во блиската болница на детални прегледи.

Германските медиуми синоќа објавија дека Мусиала се соочува со долга пауза бидејќи доживеал целосно руптура на фибулата на левата нога, а покрај тоа претрпел и сериозно оштетување на неколку лигаменти.

Исто така, како што објави Билд, младиот играч од средниот ред го чека долга пауза, на теренот ќе се врати дури на почетокот на следната година.

Несомнено е дека тоа е огромен удар за Баерн бидејќи Мусиала е еден од најважните играчи во тимот на Винсент Компани.

Германските медиуми веќе шпекулираат дека Баварците ќе мора да преземат мерки за да најдат ново засилување кое ќе го замени Мусиала додека не се опорави целосно од тешката повреда.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата