Симеоне го прозва Луис Енрике

16.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Симеоне го прозва Луис Енрике

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего „Чоло“ Симеоне, зборуваше за медиумите по поразот од Пари Сен Жермен со 4:0 на Светското клупско првенство, потенцирајќи дека двата тима едноставно не се на исто ниво.

„Европскиот шампион не може да се споредува со нас. Кога на Луис Енрике му требаше засилување на левото крило, тие потрошија 70 милиони евра“, рече Симеоне, мислејќи на трансферот на Хвича Кварацхелија од Наполи, кој веднаш се вклопи во тимот и беше меѓу најзаслужните за европската титула на ПСЖ.

Аргентинецот не беше задоволен ниту од судењето:
„По 14 години тренирање, повеќе не сакам да зборувам за судиите. Уморен сум од тоа“, изјави кратко и јасно.

Симеоне јасно стави до знаење дека финансиската реалност меѓу двата клуба е целосно различна, што влијае на квалитетот и длабочината на тимовите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата