Швајцарецот со пасош на Македонија е нов играч на Милан

27.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Швајцарецот со пасош на Македонија е нов играч на Милан
Ardon Jashari x

Ардон Јашари е на прагот да стане играч на Милан. Некогашното дете на тимот на Луцерн, кој што во моментов е дел од тимот на Бриж и кој што минатата година беше прогласен за најдобар играч во шампионатот на Белгија ќе биде следното засилување на гигантот од Милано.

Јашари одигра импресивно во дресот на Бриж и нормално е што има понуди на маса за да замине во посилна лига. Италијаните пишуваат дека тој има понуди од Вест Хем и Нотигнем Форест но дека истите ги одбил за да потпише за Милан.

Јашари инаку е со потекло од Македонија и има наш пасош. Сепак, тој одлучи да настапува за Швајцарија и веќе има четири мечеви одиграни во дресот на оваа земја.

Јашари е роден во Швајцарија, во местото Чам, и има 22. години во моментов, а неговото потекло е од Куманово.

Македонија се обиде да го доведе …..

Па поради тоа, своевремено Македонија се обиде да го доведе Ардон Јашари да игра за нашиот национален тим, но тоа никогаш не се случи. Контактот преку неговите менаџери и семејството кога Јашари сеуште беше У19 репрезентативец на Швајцарија беше остварен, но тогаш тој се одлучи сепак да остане во дресот на швајцарците. Некоја година подоцна, кога веќе Македонија планираше да го повика за У21 репрезентацијата Јашари веќе доби повик за А селекцијата на Швајцарија. Ардон Јашари е роднина инаку со Линдон Селахи, момчето кое што играше за Белгија, па го смени спортскиот пасош за да заигра за Албанија, а исто така одби да игра за Македонија.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата