„Штафетата на губитник“ е предадена на африканска селекција

14.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Штафетата на губитник“ е предадена на африканска селекција

 

Андора и Сан Марино се во групата на најлоши репрезентации на светот и често се на дното на неславната листа на натпревари без победа. Пред 39 дена неславен рекордер беше селекцијата на Сан Марино која не знаеше за победа дури 141 натпревар, а низата ја прекина во Лигата на нациите против Лихтенштајн.

Тоа на Лихтенштајн му беше 41 меч без победа и ја презеде улогата на неславен рекордер со активна губитничка серија, а таа ја прекина пред четири дена со триумф над Хонг Конг во пријателски меч.

„Штафетата на губитник“ беше предадена во рацете на фудбалерите на Андора која беа во активна низа од 20 натпревари без победа, а против Сан Марино славеа со 2:0 и ја прекинаа низата. А прв пат во овој век една европска селекција го нема статусот со најлоша активна серија на светот.

Сега тој статус го има Сомалија која 15 меча нема победа.

Сомалија последната победа ја славеше во декември 2019 година против Бурунди, а потоа има 12 порази и три ремија. Шанса да ја прекина оваа серија има на 25 октомври против Бурунди во квалификациите на Африканскиот куп на нациите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата