Португалија – Шпанија 0:1. Со голот на Микел Мерино во 90+1.минута, европскиот првак успеа да го добие Ибериското дерби и со тоа да се пласира во 1/4 финалето каде за ривал ќе го подобриот од дуелот САД – Белгија. Шпанија беше подобра, покажа повеќе и затоа победи. Ова значи дека ова е крај на надежите на Кристијано Роналдо дека некогаш ќе биде светски првак. Легендата вечерва заврши со светските првенства.
Првата шанса ја имаше Ојарзабал, а со тоа наговести дека во првото полувреме ќе има многу закани, зицери, шанси, погодени стативи, но и ќе заврши без голови.
Врати Кансело многу бргу, веќе во седмата минута, за да неколку секунди подоцна Ојарзабал имаше зицер. Како ли само успеа да не донесе водство на Шпанија. На другата страна Роналдо во два наврати се закани, а во 16.минута Јамал и Баена во една иста акција одлично шутираа, но Диого Кошта фантастично одбрани. Во 30.минута Шпанија повторно имаше зицер, сега Олмо, но нема и нема гол. Со шаснсите се заврши во 40.минута кога Нуњо Мендеш ја погоди пречката на Унаи Симон.
Па така на пауза се замина со тој почетен резултат од 0:0.
Во продолжение и двете репрезентации не сакаа да ризикуваат, Шпанија напаѓаше ама тоа беше контролирано, се со цел да не му се дозволи на поротивникот од контри да го загрози голот. Во 55.минута проблем за Португалците, Нуњо Мендеш кој дотогаш одигра одлична одбрана на Јамал, се повреди и мораше да го напушти теренот.
Шпанците после 70-75 минута тргна поофанзивно, ама Бруно Фернандеш можеше да ги казни, но неговиот удар заврши во надворешниот дел од мрежата на Диого Кошта. Сепак “Фуријата“ продолжи со нападите, а Португалците грчевито се бранеа.
И конечно. Во 90+1.минута Феран Торес прекрасно асистира до Мерино, кој рутински ја заврши работата за 1:0, за водство на Шпанија и за победа и пласман во 1/4 финалето.

