Шок за Холандија: Де Јонг и дефинитивно нема да игра на ЕУРО 2024!

11.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шок за Холандија: Де Јонг и дефинитивно нема да игра на ЕУРО 2024!

Лоши, катастрофални вести за Холандија. Имено селекторот Роналд Куман доби најлоши можни вести за повредата на Френки де Јонг, клучниот играч од средниот ред на селекцијата на Холандија. Неговата повреда на зглобот е од сериозен карактер и тој нема да биде дел од репррезентацијата на претстојното ЕУРО 2024. Ова официјално го потврди и Фудбалската федерација на Холандија.

Секако дека ова е голем удар за амбициите на Холанѓаните ако се знае дека ѕвездата на Барселона важи за еден од најдобрите играчи во светот на таа позиција.

Интересно е тоа што Куман сакаше Де Јонг да биде дел од репрезентацијата на ЕП па макар не играл на првите две средби, но сега тоа веќе не е важно, поважно е што тој и дефинитивно ќе го пропушти ова првенство.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата