Шок за домаќинот на Мундијалот: ФИФА откажува голем број на хотелски резервации во Мексико

6.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шок за домаќинот на Мундијалот: ФИФА откажува голем број на хотелски резервации во Мексико

Откако стана јасно дека безбедносната ситуација во Мексико ни оддалеку не е онаква каква што треба да биде за време на еден фудбалски Мундијал, крована светска фудбалска организација ФИФА, се решава на драстични потези по прашањето на мечевите во оваа земја.

Како што е добро познато Мексико заедно со САД и Канада е ко домаќин на претстојниот Мундијал следното лето, но немирите кои што се одвиваат во моментов направија ФИФА масовно да откажува резервации во Мексико Сити.

Тур операторите јавуваат дека ФИФА имала безецирано цели хотели со месеци однапред но сега истите повторно се слободни поради стравот од  не безбедност.

Алберто Албаран Лејва, еден од главните луѓе во Мексико Сити што се однесува до туризмот внимателно ја следи состојбата со сместувањето, и го открива обемот на проблемот со конкретни примери на засегнатите имоти.

„Постојат хотели кои се целосно резервирани, а ФИФА откажа 200 или 180 соби“, вели Лејва.

ФИФА држеше блокирани околу 2.000 резервации неколку недели, но сега ослободи речиси половина од нив


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата