Од таборот на Манчестер Јунајтед не можат глава да кренат од проблеми. И тоа од секаков карактер. Играчки, резултатски, едноставно од Олд Трафорд се соочуваат со секакви предизвици во моментов.
Еден од нив се повредите на голем број на играчи, кои што не можат да му помогнат на тимот во моментов.
Словенецот Бенјамин Шешко, задава најмногу главоболки. Тој веќе пет недели е во „аут“, патем не настапи ниту против Македонија во Лигата на Нациите, а од „Керингтон“ сега јавуваат дека состојбата на неговиот мускул е проблематична и натаму.
И дека истата ќе го оддалечи напаѓачот уште извесно време од терен, а најцрните сценарија велат дека Шешко можно е да не се врати на терен до крајот на календарската година.

