Серхио Рамос купува акции во поранешниот клуб?

2.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Серхио Рамос купува акции во поранешниот клуб?
Фото: Rayados @Rayados/Твитер

Приказната околу продажбата на Севиља е далеку од својот крај и, според пишувањата на шпанските медиуми, доби неочекуван пресврт. По спроведената детална анализа на работењето на клубот, американските инвеститори значително ја намалиле својата понуда за купување на шпанскиот клуб, а на сцената, како потенцијален инвеститор, се појави и легендарниот дефанзивец Серхио Рамос.

Финансиската состојба на Севиља, наводно, ги „оладила“ американските вложувачи. Иако претходно се зборуваше дека се подготвени да платат 3.400 евра по акција, по темелниот увид во работењето сега не нудат повеќе од 2.700 евра. Овој пресврт го враќа целиот процес речиси на самиот почеток.

Рамос започнал прелиминарни контакти со цел подетално да се информира за ситуацијата и можностите за инвестирање во клубот во кој ја започна својата блескава кариера и за кој во два мандати одигра 87 натпревари. Рамос, кој подоцна стана икона на Реал Мадрид, веќе има искуство со вложувања во фудбалски клубови – тој е еден од инвестициските партнери во клубот Сан Фернандо.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата