Селта фуриозно против Сантандер

19.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Селта фуриозно против Сантандер

Третиот по распоред дуел од денешната програма на шпанската Примера, имаше епилог во корист на домаќинот.

Тимот на Селта со високи и убедливи 5:0, го совлада тимот на Сантандер и на тој начин дојде до значајни три бода во овој дел од шампионатот.

Домаќинот поведе во 31. минута со голот на Гонзалез, за да во финишот на првиот дел, Мориба зголеми на 2:0.

Мрежите мируваа до 69. минута кога Роман постигна трет гол за домашните, за да Дуран десетина минути подоцна веќе зголеми и на 4:0. Истиот играч ги постави и конечните 5:0 во последните моменти од дуелот.

 

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата