Сега му се може: Луис Енрике уште еднаш брутално го понижи Мбапе!

13.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сега му се може: Луис Енрике уште еднаш брутално го понижи Мбапе!

Се чини дека ПСЖ во моментов го игра најубавиот и најквалитетен фудбал во светот. Токму затоа и успеа да го елиминира фантастичниот Ливерпул во 1/8 финалето во ЛШ. По тој успех најрадосен беше тренерот Луис Енрике, посебно ако се знае дека неговиот тим имаше очаен старт во ЛШ. Но во оваа 2025 година неговиот тим блеска. Нема пораз во Лига 1, а на последните 27 меча во сите натпреварувања има само еден пораз, оној во Париз минатата недела од Ливерпул.

Сега откако го елиминира Ливерпул, Луис Енрике уште еднаш го повтори тоа што го кажа пред неколку месеци.

Ќе повторам. Овој ПСЖ е многу подобар без Мбапе, тука нема дилеми. Ова е само почеток, ќе бидеме уште подобри. Пресреќен сум, горд сум на овој тим“ посочи Енрике.

Со ова тој уште еднаш брутално го понижи Килијан Мбапе кој во летниот преоден рок од ПСЖ се пресели во Реал Мадрид.

Останува да се види како Мбапе ќе биде пречекан на “Паркот на принцвите“ при првото негово гостување со Реал Мадрид.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата